Само техничка работа била адресата на живеење во скопски Бутел, смета вицепремиерот Изет Меџити кој е и кандидат на Вреди во Чаир и покрај тоа што Изборниот законик бара учесниците на локалните избори да имаат живеалиште во општината во која конкурираат. Меџити не сакаше да каже дали ќе ја промени адресата на живеење за да го исполни законскиот услов, но тврди дека има право на учество на изборите бидејки бил роден и живее во Чаир. Битката на ...
На локалните избори ќе може да учествуваат и независни (непартиски) кандидати за градоначалници и листи за советници. Ова може да се протолкува од изјавата што по усвојувањето на роковите за локалните избори попладнево ја даде претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко. Повикувајќи се на членот 60 од Изборниот законик, тој рече дека ДИК нема право никому да му го ускрати законското право за учество на избори. „Согласно ...