Македонскиот интернационалец, Кристијан Трапановски постигна гол за Данди Јунајтед на денешното гостување кај Ренџерс во првата шкотска лига. Офанзивецот влезе во игра во вториот дел и експресно се запиша во листата на стрелци во 66 минута, погодок со кој во тие моменти донесе израмнување на 1-1. Потоа гостите дојдоа и до втор погодок за комплетен пресврт на „Ајброкс“, но домаќините во финишот се спасија од пораз преку Таверние за конечни 2-2. ...

Кристијан Трапановски го пропушти стартот на сезоната поради непријатна повреда на задната ложа, но полека се враќа во ритам и добива шанса во ротацијта на Данди Јунајтед. Македонскиот фудбалер вчера го имаше вториот настап и истиот го запиша на жежок терен, а испадна дека Трапановски е фудбалерот кој му ги замрси сметките на Ренџерс. Фаворитот одново не оствари победа и се спасуваше од пораз во завршницата (2:2), но ваквиот исход го најави ...