Возило излета од патот, две девојки итно пренесени во болница На 23.06.2025 во 11:45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на патот Кавадарци-Неготино, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н.(18) од с.Сирково, општина Росоман, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишната сопатничка, додека со телесни повреди Д.А.(19), двете од с.Сирково, констатирани во Итната ...

Четири лица меѓу кои и малолетничка, се повредени во сооибраќајка во Велес. Несреќата била пријавена околу 23 часот во СВР Велес. На улицата „Вардарска“ во Велес, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Б. (21) од Велес, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а телесни повреди добиле тројца сопатници: А.Д. (20), Ш.Р. (19) и една малолетна девојка, сите од Велес. ...

Вчера утрото во 09:30 часот, во ОВР Неготино била пријавена уште една несреќа. На автопатот Неготино–Демир Капија, патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од Т.П. (56) од Србија, излетало надвор од коловозот. Сопатникот Д.П. (61) се здобил со тешки телесни повреди, а возачот и 17-годишен сопатник добиле телесни повреди. Повредените се хоспитализирани во Општата болница Кавадарци. Увид извршила екипа од ОВР Неготино. ...

На 24-ти јуни 2025 година, околу 19:00 часот, на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, случена е сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Ф.М.(22) од Охрид и велосипед управуван од Н.Д.(60) од Охрид. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а со телесни повреди возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид ...