Војната во Појасот Газа значително ги наруши човековите права-објавен годишниот извештај на американскиот Стејт департмент. Државниот секретар Блинкен најави дека САД не применуваат двојни стандарди во својата политика во однос на Израел. „Додека ги разгледуваме човековите права и состојбата на човековите права низ светот, го применуваме истиот стандард за сите. Тоа не се менува дали земјата за која станува збор е противник, конкурент, пријател ...

„Војната меѓу Израел и Хамас, во која загинаа десетици илјади Палестинци во Газа и доведе до сериозна хуманитарна криза, имаше „значително негативно влијание врз ситуацијата со човековите права во областа“, соопшти американскиот Стејт департмент во својот годишен извештај. Станува збор за веродостојни извештаи за произволни или незаконски убиства, присилни исчезнувања, тортура и неоправдани апсења на новинари, според Извештаите за спроведување ...