Македонската фудбалска репрезентација до 15 години доживеа втор убедлив пораз од врсниците од Србија во рок од само два дена. По 1-4 во првиот пријателски дуел, денеска на домашен терен во Скопје нашите младите фудбалери беа совладани со 0-4. За разлика од првиот меч каде Македонија успеа барем да постигне еден гол и да покаже одреден отпор, овојпат српската селекција доминираше од првиот до последниот судиски свиреж. Нашите момчиња не успеаја ...

Женската младинска репрезентација на Македонија до 19 години со убедливи 3-1 ја совлада селекцијата на Азербејџан во второто коло од квалификациите за Европското првенство. атпреварот се одигра на комплексот на ФК Брера во Струмица. Македонките поведоа во раната фаза со убав гол на Калина Попески, фудбалерка на Црвена Звезда од Белград. Во 25. минута капитенката Галабовска од Тиверија реализираше пенал за 2-0. Азербејџан намали во 35. минута ...