Второто коло на Мастерс турнирот во Индијан Велс ја донесе и првата сензација. Третиот светски рекет, Стефанос Циципас загуби од анонимниот австралиски тенисер, Џордан Томпсон со 6-7, 6-4, 6-7. Така Гркот пропушти шанса да го симне Ѓоковиќ од врвот на АТП листата. Таква опција има само уште Карлос Алкараз. Четвртиот тенисер на светот Каспер Руд се пласира во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс, откако со 6-2, 6-3 го совлада аргентинскиот ...
Рускиот тенисер Данил Медведев по голема борба успеа да слави во три сета против Александар Зверев и се пласира во четвртфиналето на мастерсот во Индијан Велс каде за противник ќе го има Александар Давидович – Фокина кој беше подобар од Кристијан Гарин со 2-0 во сетови. Најинтересниот дуел од осминафиналето заврши со 6-7, 7-6 и 7-5 по цели три часа и десет минути и Медведев дојде до 7-та победа во меѓусебните дуели со Зверев од кој има и 6 ...