1533.- Родена е англиската кралица Елизабета I, ќерка на кралот Хенри VIII и неговата втора сопруга Ана Болејн. За време на нејзиното владеење (1558-1603), беа поставени темелите на идната Британска империја. Таа го поддржа развојот на науката и уметноста, а специфичен стил на архитектура од нејзиното време, мешавина од готска и ренесансна, беше наречен елизабетански стил. Препорачано 1566 година – Во битката за тврдината Сигет, која беше ...
1526.- Турската војска под команда на султанот Сулејман Први по победата над Унгарците во Мохачката битка, успеа да го заземе Будим, кој стана седиште на Будимскиот пашалок, провинција на Османлиското царство во наредните 150 години. Препорачано 1721.- Шведска и Русија со мир во Нистад, Финска, ја завршија Големата северна војна, започната во 1700 година, во која рускиот цар Петар Велики ги победи Швеѓаните со што доби излез на Балтичкото Море. ...