Фудбалерите на Рома ја запишаа и четвртата победа сезонава во Серија А, триумфирајќи убедливо со 4-1 против Лече во 15. коло од шампионатот. Домашните поведоа со голот на Салемекерс уште во 13. минута од натпреварот, но гостите успеаја да израмнат пред паузата со голот на Крстовиќ, Во второто полувреме за „волчицата“ погодија и Манчини, Писили и Коне за конечна победа од 4-1. Mancini scores with header Roma 2-1 Leccepic.twitter.com/y3PRe6TyjG — ...
Удинезе ја запиша и шестата победа сезонава во Серија А, триумфирајќи со 1-2 на гостувањето против Монца во 15. коло од шампионатот. Гостите го отворија резултатот уште во 6. минута со голот на Лука. Монца, сепак, успеа да израмни со голот на Кирјакопулос во 47. минута. Но, трите бода за Удинезе ги донесе Словенецот Јака Бијол со погодокот во 70.минута од средбата. 🚨 𝐆𝐎𝐀𝐋 🔴⚪️ Monza 1-2 Udinese ⚫️⚪️ 70′ ⚽️ Jaka Bijol 🅰️ Jurgen Ekkelenkamp ...