Доналд Трамп положи заклетва како 47-ми претседател на САД, почнувајќи уште еден турбулентен четиригодишен мандат со ветувањата дека „ќе ја направи Америка повторно голема“, уште еднаш. „За граѓаните на Америка, 20 јануари 2025 година е Ден на ослободувањето“, порача Трамп во своето претседателско обраќање веднаш по церемонијата на заклетвата, која за првпат по 40 години беше поместена во затворен простор, во Капитол во Вашингтон. Добро утро! ...
„Европа треба да заземе конструктивен пристап со администрацијата на Трамп и да се фокусира на зајакнување на силните врски на Европа со САД“, изјави за „Блумберг“ шпанскиот премиер Педро Санчез, кој присуствува на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос. Многубројни пораки од Давос и уште еден плоден ден на СЕФ. Членот на Управниот совет на Европската централна банка, Клас Кнот, рече дека очекувањата на инвеститорите за намалување на ...