Без вода денеска од 8:15 часот се дел од корисниците од улицата „50 Девизија“ во Општина Центар. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје, прекинот е поради уличен водоводен дефект од ф-80 милиметри на улица „50 Девизија“ број 27. Поради уличен водоводен дефект од ф-80 милиметри на улицата „Ресенска“ без број, од 8:35 часот прекин во водоснабдувањето имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување ...
Корисниците од делови од улиците „Богомилски поход“, „Благоја Мучето“, „Тодор Чангов“ и „Ѓорѓе Андреевиќ Кун“ во Општина Аеродром денес од 8 до 15 часот ќе немаат струја поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа. Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека денес од 8:30 до 14 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците од дел од ул. „Беласица“ и дел од ул. ...