Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот со дури 7 интервенции. За овој свој настап тој беше и најдоброоценетиот фудбалер во екипата на Трабзонспор. Фенербахче имаше 29 шутеви кон голот против Трабзонспор, но Онана со одличните интервенции спречи и поубедлив пораз за својот тим. ...

Андре Онана неодамна си замина од Манчестер јунајтед и го облече дресот на Трабзонспор во Турција. Голманот кој често беше оспоруван и посочуван како виновник за многу порази на Манчестер поради неговите слаби одбрани, овојпат блесна во дебито за својот нов клуб. Камерунскиог голман бранеше на тешкото гостување на Трабзонспор кај Фенербахче. На крајот, Трабзонспор загуби со 1:0, но Онана беше оценет како најдобар играч на мечот. Трабзонспор од ...