Во пресретна утрешниот прв дуел од двомечот со нашиот шампион, вечерва гостите од Азербејџан го одработија оној вообичаен тренинг. Секако дека на моменти дождот дојде како освежување за момците на тренерот Гурбан Гурбанов. Карабах во својата историја по третпат ќе игра на нашиот најголем стадион. На двата меча како гостин на Металург има победа од 1:0 и реми од 1:1. Нека утре, мечот започнува во 20 часот, биде првиот пораз овде во Скопје на ...
По тренингот на Арената кој го одработија гостите од Баку, вечерва својот тренинг го одржаа и фудбалерите на Шкендија. Тактиката е готова, тренерот Јетон Беќири знае и тоа како треба. Вечерва тренингот беше со цел да се одработат само некои варијанти и да се почувствув тревникот на нашиот најголем спортски објект. Јасно е дека Шкендија сака и трета победа лето тука на Арената во Европа, по триумфот над ТНС со 2:1 и со ФЦСБ со 1:0, утре од 20 ...