Богата беше петочната програма во НБА лигата, а од многуте натпревари не беше едноставно да се извлечат, селектираат најдобрите потези на денот. Десет мајстории се најдоа во фокусот, одбројување кое започнува со Инграм од Торонто и тешкиот кош против Кливленд, а завршува со поените за победа кои Ленард ги постигна против Пеликас. Асот на Клиперс ја презема одговорноста и со звукот на сирената реализираше за ерупција на навивачите во Лос Анџелес. ...
Девет средби беа на програмата во НБА лигата, соочување на кои далеку подобри беа гостинските состави кои остварија шест победи. Некои од дуелите беа решени во завршните секунди, со звукот на сирената, а токму таквата мајсторија на Јани Адетокумбо му ја донесе првата позиција на најновата топ листа. Ѕвездата на Милвоки Бакс ја презеде одговорноста и испрати шут на време, топката заврши низ мрежичката и неговито тим славеше над Индијана Пејсерс ...

