Барселона и шпанскиот репрезентативец Џоел Пара ја продолжија соработката. Новиот договор ќе важи до јуни 2028 година, објави каталонскиот клуб. Пара веќе имаше важечки договор до 2027, но двете страни се договориле за продолжување уште една сезона. Крилниот кошаркар пристигна во Барса летото 2023 година од редовите на Хувентуд, а минатата сезона запиша 31 настап во Евролигата со просек од 4,9 поени и 2,8 скокови по меч. Вкупно досега има 136 ...
Амбициозниот ракометен суперлигаш, Бутел Скопје, доби солидно засилување откако потпиша договор со грузискиот репрезентативец, Давид Гришикашвили. Се работи за лев бек кој првпат ќе настапува надвор од својата држава, но поседува одлични физички предиспозиции, а досега беше дел од екипата на Пегаси од Тбилиси. Бутел со него потпиша тригодишен договор и се очекува да му помогне на тимот во потрагата по уште подобри резултати. Грузиецот има ...