Повеќе од 500 гости и 60 концерти се најавени на 11. издание на ПИН музичка конференција и шоукејс фестивал, што ќе се одржува од 28 до 30 ноември во Младински културен центар како веќе традиционална најава на Таксират. Влезот за сите настани е бесплатен. Официјалното отворање е вечерва во 19 часот, а целосната програма може да се види на pinconference.mk. Музичарите кои ќе настапат на ПИН доаѓаат од повеќе од 30 земји, како од цела Европа, така ...
Денеска во Скопје започнува 11. издание на ПИН музичка конференција и шоукејс фестивал, најзначајниот ваков настан во регионов, која ќе се одржува од 28 до 30 ноември во МКЦ. Во рамките на тридневниот музички “саем”, во Скопје пристигнуваат повеќе од 500 делегати, професионалци од музичката индустрија и експерти од целиот свет, а ќе се одржуваат и 60 концерти, со бесплатен влез за сите посетители. Од Бугарскиот министер за култура до менаџерот ...