Денеска е велика сабота или Страдалната седмица. Според источното христијанство тој е осми ден од Страсната седмица, односно 7 дена по Лазаровата сабота и шест по Цветници, а според западното христијанство тој е седми ден од страсната седмица, односно шест дена по Цветници. Велика Сабота е посветена на споменот на пребивањето на Исус Христос во гробот, и Неговото слегување во адот. Сабота, значи покој. Велика сабота е ден на покојот, ден на ...

Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“. Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден. Вечерва се оди во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” ...