Кошаркарите на Кожув го надиграа МКК Куманово со 81:69 во третиот натпревар од четвртфиналната програма во Купот на Македонија. Клубот од Гевгелија кој е домаќин на овој турнир, го надигра денешниот ривал и сосема заслужено обезбеди полуфинале во кое ќе ги одмери силите со Гостивар, тим кој претходно денеска го изненади ТФТ. Домаќините ги добија првите три четвртини и во завршните 10 минути влегоа со резултат 62:48 и беше доста јасно дека ќе ...
Екипата на Кожув го оправда статусот на фаворит и славеше над Гостивар со 91:72 во второто полуфинале во Купот на Македонија. Воден од домашната публика, составот на Кожув ја доби првата четвртина, а потоа имаше и пеколен втор период во кој му дозволи само шест поени на противникот, па на пауза замина со предност од 50:26. Гостите се обидоа нешто да направат, поправат во вторите 20 минути, меѓутоа и во овој дел составот предводен од Апостоли ...
Составот на МЗТ Скопје му одржа лекција на Работнички во дерби средбата од четвртфиналната фаза на Купот на Македонија кој се одржува во салата „26 април“ во Гевгелија. Ова требаше да биде интересна и возбудлива пресметка на нашите два најтрофејни колективи, но „штрковите“ покажаа сила, моќ и славеа со 97:63. Избраниците на Атанасов беа на сосема друго ниво, ги добија сите четири четвртини и го грабнаа полуфиналниот билет кој ги носи на битка со ...