Директорот на полицијата изјави дека во Србија се одржале точно 111 собири со назив „Стоп блокадите“, на кои присуствувале 126.399 граѓани. Сепак, бројката беше соопштена без да се откријат конкретните локации на овие настани и детален број на присутни по секој поединечен собир, што предизвика реакции. Од „Архив на јавните собири“ истакнуваат дека на официјалната страница на Центарот за општествена стабилност, кој го пријави настанот до ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека собирите против блокадите ќе бидат побројни и дека на граѓаните во Србија им стана јасно каде одат работите, како и дека нервозата кај блокадерите и претставниците на опозицијата се зголемува затоа што, како што изјави, нивните собири стануваат сè помали и имаат сè помала поддршка од народот. Во Осака, каде што е во работна посета неколку дена, Вучиќ им рече на новинарите дека верува оти ...