Темата со мигранти е непостоечка. Ние неколкупати како власт одговоривме дека не се водени такви разговори и оти ниту на крај памет не ни паѓа такво нешто. Мислам дека е редно обвинителството да се позабави во вакво сеење паника и страв кај граѓаните. Вистината е дека минатата власт изработила национална стратегија за прифаќање мирганти 2017-2027 година. Таа барала од општините да обезбедат услови каде би се граделе тие мигрантски кампови. Таа ...
Во Македонија нема простор за отворање мигрантски кампови, рече денеска претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски. На крајот од обраќањето по повод двегодишнината на ЗНАМ, Димитриевски потенцира дека на иста линија се и останатите коалициски партнери. -Македонија својата мигрантска приказна ја заврши во 2000 година, со завршувањето на косовската криза. Нема простор за отворање мигрантски кампови во Македонија. ...

