Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ овој месец почнува со целосна дигитална трансформација. Најпрво ќе ги дигитализира сите студентски сервиси и планот е до почетокот на учебната 2025/2026 основните сервиси да бидат целосно завршени, а процесот ќе биде заокружен со воведувањето електронски индекс. Ова е процес што ќе трае. Мојата претпоставка е дека во текот на една година или година и половина, овој процес може да се заокружи, но УКИМ влегува ...

За година или година и пол ќе биде воведен електронски индекс на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, најави ректорката проф. д-р Биљана Ангелова, пред отворањето на научната конференција „Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење“ која денеска ја организираше Сојузот на синдикати на УКИМ за пет години од неговото основање. Ректорката рече дека УКИМ овој месец почнува со целосна дигитална трансформација. ...