Полицијата извести дека вчера и ноќеска на две локации во Скопје се пронајдени починати двајца мажи. Вчера во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во магацин на приватна фирма во с.Чојлија, општина Петровец, бил пронајден починат вработениот М.А.(39) од с.Ржаничино, скопско. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. ...

Вчера во 16:15 часот во СВР Скопје, 49-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека во периодот од 13:30 до 15:45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „форд“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Исто така вчера, во 16:15 часот во СВР Скопје, 40-годишниот Ј.Ј. од Скопје пријавил ...