Првиот круг од претседателските избори мина во фер и демократска атмосфера. Денот на изборите севкупно беше оценет позитивно при што во голема мера се почитуваа процедурите за гласање. Ова беа прелиминарните заклучоци на меѓународната набљудувачка мисија за изборите составена од претставниците на ОБСЕ/ОДИХР, и Советот на Европа изнесени на денешната прес конференција. Тие кажаа дека во текот на последните неколку недели имале бројни средби, каде ...

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Се почитуваа темелните слободи, но како што се приближуваа датумите за гласање реториката стануваше негативна, имаше фрагментација и поделби по етничка линија, имаше ограничено вклучување на жените во гласачкиот процес, што бара поголема посветеност за и тие да бидат вклучени во политичкиот живот. Денот на изборите севкупно беше оценет ...