Двокраниот европски шампион Вардар стигна до нова победа во домашниот шампионат откако денеска славеше на гостувањето кај Струга со убедливи 15-36 во меч од 11. коло од плеј-офот во Суперлигата. Вардарци фуриозно го почнаа мечот па веќе по триесет минути игра имаа убедливи осум голови предност 8-16. Во вториот дел „вардаровата машинерија“ уште повеќе го газеше својот противник на кого за петнаесет минути му дозволи само два гола, по кои стигна ...

Ракометарите на Вардар 1961 ја запишаа деветтата победа во плеј-офот на Суперлигата, откако рутински се справија со Струга и славеа убедливо со 15-36 (8-16). Средата која се одигра во Струга во целост му припадна на фаворитот кој во вториот дел го наполни домашниот гол. По воведната размена на по гол, Вардар почна да се наметнува и поведе со 1-4. Ова водство беше актуелно некое време, а стружани најблизу пријдоа на „минус два“. Сепак, ...