Владината портпаролка Марија Митева информираше дека Државниот пазарен инспекторат извршил 297 контроли во угостителските објекти низ Македонија. Констатирани се бројни прекршувања на законските одредби. Додаде дека Пазарниот инспекторат издал вкупно 28 решенија за привремена забрана за вршење дејност кои вршеле дејност без лиценца или, пак, без исполнување на минималните технички услови и 12 решенија за отстранување неправилности за прекршоци ...
Државниот пазарен инспекторат во периодот од 17 март до 10 април извршил вкупно 297 надзори кај угостителските објекти во однос на исполнувањето на минимално техничките услови и други законски одредби и издадени се вкупно 360 прекршочни платни налози во вкупна вредност од 3.436.000 денари, соопшти денеска портпаролката на Владата Марија Митева на прес-конференција. Просечно, износот на казните изнесува околу 150 евра. Портпаролката рече дека ...