Чаби Алонсо им даде два слободни дена на своите фудбалери по големата „Ел Класико“ победа, па така играчите на Реал денеска се појавија на првиот работен тренинг оваа недела кој инаку е подготовка за натпреварот со Валенсија. „Кралевите“ одново ќе играат на домашен терен против тимот на Столе Димитриевски и ќе влезат како апсолутни фаворити за победа и три бода, но пред да дојде до завршна подготовка за ова дерби, Винисиус Жуниор реши да ги ...
Извинувањето на Винисиус беше очекуван потег откако Бразилецот претера со својата реакција откако беше заменет на „Ел Класико“, а дојде денеска, односно неколку дена по триумфот над Барселона. Крилниот напаѓач на Реал со официјално соопштение се извини за своето однесување, но дел од медиумите тврдат дека намерно заборавил на тренерот Чаби Алонсо. Винисиус му се налути на Чаби што го повлече порано од игра, па во своето соопштение намерно не го ...

