Поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и посеани житни култури е сликата во селата во Општина Чешиново-Облешево, откако се излеа Кочанска река. Најкритично е во селата Облешево, Спанчево, Чешиново и Чифлик. Дворовите во долниот дел на селото Облешево се поплавени, а куќите се со влага. Осумдесет годишната Маре Атанасова со гумени чизми и со гребула во раката се движи низ поплавениот двор. Вели не е прв пат да ги поплавува Кочанска ...

Се повлекува водата од дворовите и подрумите на жителите од селата Чешиново, Облешево, Спанчево и Чифлик, каде што вчера од надојдените води на Кочанска река и на каналот за наводнување беа поплавени. Голем дел од мештаните имаат свои бунари за вода за пиење, но поради мешање на атмосферската вода и канализацијата не можат да ја користат и затоа во овој момент за населението му е потребна питка вода за пиење. Градоначалникот на Чешиново ...