Бројот на жртвите на нападот на фестивалот на филипинската заедница во Ванкувер се искачи на 11, а 20 лица се повредени, потврди вршителот на должноста началник на локалната полиција Стив Раи. Медиумите претходно денеска објавија дека маж со својот автомобил влетал во луѓето собрани на фестивалот на филипинската заедница, при што уби и повреди голем број луѓе, јавува Би-би-си. Вршителот на должноста началник на полицијата Стив Раи рече дека ...

Единаесет лица загинаа откако автомобил се удри во толпа луѓе на уличен фестивал во Ванкувер, потврди полицијата. Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека повеќе од 20 лица се повредени во инцидентот, кој се случил околу 20:14 часот по локално време во сабота (03:14 часот по Гринич во недела). Осомничениот 30-годишен маж е во притвор, а полициската управа во Ванкувер соопшти дека е „уверена дека овој инцидент не е терористички чин“. Истрагата ...