Прочитај за: 2 минути Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) отвори сериозни сомнежи за трговија со милиони лични податоци на македонските граѓани. Случајот се однесува на дигитализацијата на матичните книги, со податоци за умрени, родени и венчани, спроведуван преку Управата за водење на матичните книги, на распишан тендер кој го добила фирмата Новатек Инв ДООЕЛ, објави мета.мк. Антикорупциската комисија најави кривични пријави ...
Голем скандал изби на површина, кој поминува неприметно, а е премногу сериозен. Загрозени се приватните податоци на македонски граѓани кои понатаму може да бидат злоупотребени. Тоа го открива Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) која вчера отвори сериозни сомнежи за трговија со милиони лични податоци на македонските граѓани. Случајот се однесува на дигитализацијата на матичните книги, со податоци за умрени, родени и венчани, ...