Силно сум убедена дека политиката добива многу кога жените активно учествуваат во процесите каде што се носат одлуки, бидејќи тие носат различна перспектива, конкретни решенија и се почувствителни за прашањата што ги засегаат граѓаните, вели пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска. -Затоа, сите заедно треба да мотивираме што повеќе жени да се вклучуваат во политичките процеси. Политиката е за сите нас и само со еднакво учество на жените и ...

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, во објава на Фејсбук информира дека на Комисијата за европски прашања се дебатира за три значајни закони кои, како што вели, ќе придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните. Таа посочи дека првиот закон се однесува на подобра пристапност на веб услугите за лицата со попреченост и за постарите лица, со цел поголема дигитална писменост и поинклузивно општество. Вториот закон ...