Швајцарија, Австрија, Унгарија, Турција, Саудиска Арабија и Катар се можни опции за места каде ќе се одржи средбата меѓу претседателите на Украина и Русија Володимир Зеленски и Владимир Путин. Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул вчера за Дојче веле (ДВ) изјави дека има „многу добри места“ во Европа за преговори. Тој додаде дека Берлин нема амбиција да биде домаќин и ја посочи Швајцарија како место кое „во минатото секогаш ...
Постојат неколку предлози за тоа каде би можеле да се одржат разговорите меѓу Путин и Зеленски. Унгарија веќе двапати понуди да биде домаќин на мировни разговори меѓу Русија и Украина, а понудата е сè уште валидна, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто. „Доколку е потребно, ние сме подготвени да обезбедиме соодветни фер и безбедни услови за такви мировни разговори. Среќни сме ако можеме да придонесеме за успехот на ...