Фудбалерите на Јувентус ставија крај на серијата од три натпревари без победа во Серија А со триумф на гостувањето кај Џенова од 0-3 во 6. коло. Откако мрежите мируваа во првото полувреме, Влаховиќ беше прецизен од белата точка во 48. минута, а српскиот интернационалец донесе и двојна предност на својот тим во 55. минута, а конечниот резултат го постави Консисао со гол во 89. минута. Со овој триумф Јувентус се искачи на првата позиција на ...

Душан Влаховиќ не беше на посакуваното ниво во изминатиов период и за своите изданија заработи доста критики, но во фудбалот работите можат за брзо време да се сменат и во тоа може да помогне партијата која вечерва Србинот ја имаше против Џенова. Напаѓачот беше без погодок еден месец и тоа од мечот со Верона, но денеска конечно проработи и со два гола одигра клучна улога во славјето од 3-0. Најважните моменти се случија во второто полувреме, ...