Поддржувачите на Јун Сук Јеол, на нов протест пред судот во Сеул. Се противат на одлуката на правосудните органи да издадат налог за апсење на отповиканиот претседател и отфрлањето на петицијата за негово ослободување. Јун беше приведен во неговата резиденција поради наводите за бунт поврзани со декларацијата за воена состојба донесена изминатиот месец. Претседателот го искористи своето право да се брани со молк и одби дополнително сослушување ...

Поддржувачите на отповикуваниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол упаднаа во судот во Сеул, по одлуката за формално апсење на Јун. Судот во Сеул го одобри барањето за апсење на Јун, со образложение дека тој е закана за уништување на докази. Одлуката за апсење на Јун предизвика немири во Сеул, каде што десетици негови приврзаници упаднаа во судот, уништувајќи ја главната врата и прозорците. Јун, кој е во притвор откако беше уапсен, се ...