1 Ај нека помине викендов, па со тој себап белким ќе заврши оваа помпава од „100 дена Влада“. Па, да сме здрави и живи, од понеделник ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе престанат да зборуваат што не направиле СДСМ и ДУИ и што „ќе“ направи коалицијата, туку – ќе почнат и да прават. Опширна беше изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Од толку ветувања ќе мораат од понеделник да почнат да штиклираат, ова запишано – направено. Во програмата никаде не им е запишано ...
Од што беше занесен во фалбите за 100-те дена, премиерот Христијан Мицкоски задоцни 90 минути на приемот на германската амбасада по повод Денот на германското обединување, 3 Октомври. Сите гости беа пристигнати, вклучително и претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Амбасадорката сосе цел персонал го чекаше на вратата до 20:10. Бил најавен дека ќе дојде, зашто во говорот ѝ беше предвидено специјално да го поздрави, тоа го видовме напишано на ...