Над 80 отсто вработените од средното училиште „Ванчо Прќе“ во Виница, кои трет ден ја бојкотираат наставата поради назначување нова в. д. директорка, денеска писмено го известиле градоначалникот Миле Петков дека бојкотот ќе биде ставен во мирување кога најавениот јавен оглас оглас за избор на директор ќе биде јавно објавен. Петков, кој денеска во врска овој случај имал средба со претставници на Просветниот инспекторат и на гранковиот синдикат, ...
Вработените во единствената гимназија во Виница веќе трети ден ја бојкотираат наставата. Причината е разрешувањето на досегашниот директор и назначувањето на нова директорка, која според нив не е адекватна за оваа работна позиција. Притисоци, невкусни навреди, уцени, пасивен мобинг трпеле изминативе десеттина години над 80 отсто од наставниците, стручните служби и техничкиот персонал во виничката гимназија од новопоставената директорка, ...