Стариот адет „амкање јајце“ на Велики Поклади-Прочка, како вовед во престојните Велигденски пости, традиционално продолжува да се негува во Прилеп. Вареното јајце кое со конец е врзано на сукало, најстариот член во семејството го врти на трпезата на која има се’ освен месо, додека помладите членови се обидуваат да го лапнат. Оној кој ќе успее во ова се смета дека ќе биде најсреќниот и најздравиот член во престојната година. Овој убав обичај ...

Со претставување на обичајот за Велики поклади – Прочка, амкање јајце, во центарот на Прилеп пред платото кај Градскиот саат, и со посетата на „Прилепските мечкари“ на касапниците во градот, во Прилеп втор ден продолжија карневалските свечености за „Прочка 2025“. Здружението на жени „Преродба“ пред бројните граѓани, втора година по ред, го претстави обијачјот- амкање, на радост на младите. -Ја имаме семејната традиција на Прочка- амкање јајце. ...