Ново обвинение е покренато против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, а одземен му е и пасошот. Струшкиот суд го прифати предлогот на обвинителството и одлучи да му ја одзеде патната исправа и и го задолжи еднаш неделно да се јавува во судот. Од Обвинителството информираа дека мерките биле побарани поради опасност од бегство, со оглед на тоа што поднесено е уште едно обвинение. Обвинението се однесува на тоа што Мерко, во март, годинава, ...

На 81-годишна возраст почина Јагнула Куновска, една од најистакнатите правници, политичари и уметници во Македонија. Зад себе остави значајно наследство во различни општествени сфери. Родена во 1943 година во Костур, Грција, Куновска беше внука на костурскиот војвода Никола Добролитски. Во текот на Граѓанската војна во Грција во 1948 година, заедно со многу други деца, беше евакуирана во Тетово, каде што започна нејзиниот живот во Македонија. ...