Кошаркарите на Далас Маверикс поведоа во серијата против Лос Анџелес Клиперси откако славеа на првиот домашен меч со 101-90. Средбата во „Американ Еирлајнс Центарот“ во Далас мина во знакот на домаќинот кој почесто и поубедливо водеше. Клиперси не успеаја да парираат во второто полувреме и тоа Мавси знаеа да го казнат. Прво име во победата беше Лука Дончиќ кој финишира со 22 поени, десет скока и девет асистенции, додека му помогна Кајри Ирвинг ...

Клиперс добро го почнаа мечот, ја добија првата четвртина со 23-18, но во вторите 12 минути Далас изгледаше страшно, дадоа дури 36 поени, а примија 18 и го свртеа натпреварот. Дојдоа до водство кое го одржаа до крај за победа од 101-90. На Дончиќ му фалеше само една асистенција за трипл-дабл, мечот го заврши со 22 поени, 10 скокови и девет асистенции, Ирвинг имаше 21 поен. Во составот на Клиперс, Харден и Пауел постигнаа по 21 поен. Четвртиот ...