Судијата на Врховниот суд на Иран, Голамхосеин Мохсени Еџеи, денес изјави дека лицата уапсени под сомнение за соработка со Израел ќе бидат брзо изведени пред лицето на правдата, објави Ројтерс. „Доколку некој е уапсен за врски и соработка со ционистичкиот режим, неговото судење и казна треба да се спроведат и објават многу брзо, во согласност со законот и воените услови“, рече Еџеи, според новинската агенција Тасним. Егзекутиран е човек осуден ...
ТЕХЕРАН (АА) - Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денес изјави дека земјата ќе продолжи да одговара на израелските напади и никогаш нема да преговара со Израел, пренесува Анадолу. „Мораме да дадеме силен одговор на терористичкиот ционистички режим. Нема да покажеме милост кон ционистите“, рече Хамнеи во објава на платформата X. Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон знае „точно“ каде се наоѓа Хамнеи, ...