Кошаркарите на Маџари и Феникс 2010 одиграа интересен натпревар во десеттото суперлигашко коло, а победата на крајот замина кај домашниот тим, кој славеше со конечен резултат 85-80. Натпреварот беше прилично неизвесен, ривалите одиграа по една одлична четвртина во првото полувреме, а Маџари дојде до победата со подобар пристап во завршните минути. На паузата резултатот гласеше 51-51, а домаќинот на крајот го завери триумфот со конечни 85-80. ...
Кошаркарите на Маџари славеа против Феникс 2010 со 85-80 во Суперлигата на Македонија. По натпреварот коментар за одиграното даде тренерот Миодраг Тодоровиќ, кој ги пофали своите избраници. „Задоволен сум од пристапот и дисциплината на екипата. Контролата ја имавме од самиот почеток и водевме во текот на целиот натпревар, а тоа е резултат на добра подоготовка и тимска игра. Оваа победа доаѓа по триумфот и од минатото коло ни дава дополнителна ...

