Шеесет и едногодишен мотоциклист е тешко повреден откако излетал од патот Волковија-Тетово. „На 16.04.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат село Волковија – Тетово, во близина на тетовски Челопек, А.Л.(61) од тетовски Челопек, управувајќи мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во тетовската Клиничка болница“, ...

Педесет и едногодишен кочанчанец е тешко повреден откако управувајќи мопед излетал од пат. „Вчера во 13.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Стамен Манов “ во Кочани, В.Џ.(51) од Кочани, управувајќи мопед со кочански регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кочани“, информираат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР ...

Дваесетгодишен кумановец е тешко повреден откако со „сеат“ излетал од патот Куманово-Скопје. „На 17.04.2024 во 19.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с.Ново Село, кумановско, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.З.(20) од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка ...