„На пат кон Турција и средбата со претседателот Ердоган денес, ја добив одличната вест која ја најавив и претходно, односно потврдата дека Македонија го достигна историски највисокото ниво на странски директни инвестиции“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава: „Во 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 1 милијарда и 255 милиони евра, а растот во последниот 4ти квартал на минатата година од цели 400 милиони евра ...
Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во сите области и на сите нивоа. Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпишаа политичка декларација за основање Совет за соработка меѓу Владите на двете држави. Советот треба да ја утврди стратегијата за односите меѓу Македонија и Турција во политиката, безбедноста, одбраната, економијата, комуникациите, туризмот, културата, науката, уметноста и ...