Раководството на Челси веќе ги обезбеди Лиам Делап и Жоао Педро како засилување на напаѓачките позиции за новата сезона, но овие потези веројатно ќе донесат и разделба со еден фудбалер. Угледниот новинар Дејвид Орнстајн тврди дека менаџментот на лондонскиот клуб решил дека е подготвен да слуша понуди за Николас Џексон, а и самиот Сенегалец може да размислува за таква опција поради неизвесноста околу својот статус. Според Орнстајн, Челси не е под ...

Големиот ростер на Челси е реалност откако клубот беше преземен од актуелните сопственици и нивните први сериозни инвестиции, а премиерлигашот полека го менаџира проблемот и го намалува бројот на прекубројни играчи. Менаџерот Енцо Мареска има јасна стратегија и менаџментот знае кои фудбалери не се во комбинација, па доцна синоќа е решен статусот на Марк Гују и Лесли Угочукву. Гују заминува на заем во редовите на Сандерленд, што за него ќе биде ...