Реал го елиминира градскиот ривал Атлетико по изведувањето на пеналите и се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите, па фудбалерите по мечот сакаа да ја споделат радоста со своите навивачи, кои се наоѓаа зад другиот гол. Сепак, навивачите на Реал Мадрид беа на горните катови, а околу нив беа навивачи на Атлетико Мадрид, на кои не им се допадна прославата, па некој од нив фрли шише кон теренот, а Џуд Белингам скокна и го удри со глава. ...
Реал го победи Атлетико во мадридското дерби од осминафиналето на Лигата на шампионите по изведување пенали и на тој начин стигна до четвртфиналето против Арсенал. Првиот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ заврши со победа на Реал од 2-1. Во реваншот Атлетико победи со 1-0 на својот стадион, па откако дуелот не беше решен по продолженијата, следеа пенали, таму Реал победи со 4:2. Откако Антонио Рудигер го реализираше победничкиот пенал, ...