Од Министерството за внатрешни работи (МВР) синоќа информираа дека е приведено и второ лице, осомничено за кражбата на сефот од маркет во скопско Црниче, Општина Кисела Вода. Станува збор за В.Т. (36) од Скопје. Претходно од Јавното обвинителство (ЈО) информираа дека е приведен В.З. (23), исто така од Скопје. Во нивните домови се извршени претреси и се пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во затворен маркет на улицата „Востаничка“ во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или се во вкупна вредност од ...