Олга Милосавлева е родена во Тетово на 14 септември 1935 година. Таа беше истакната македонска балерина, кореограф и педагог. Завршила Средно балетско училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова. И припаѓа на првата балетска генерација во современа Македонија. Била член на Балетот при МНТ (1949-1976). Имала изразит танцов темперамент, сценски шарм и смисла за драматуршко оформување на улогата. Со кореографија почнала да се ...

Борис Мајсторов е роден на 17 декември 1935 година во Велес. Основното и средното образование ги има завршено во родниот град. Потоа се запишал на стоматологија на факултетот во Белград. Меѓутоа набргу се откажал и се вратил во Скопје, каде се запишал на Правниот Факултет. Целиот свој работен век го поминал во Македонското Радио оставајки зад себе препознатливи антологиски ликови на „Дедо Аврам“, „Сто и една приказна“ и во режисерската ...