Поранешниот министер за култура Хусни Исмаили доби кривична пријава од Управата за финансиска полиција, поради несовесно работење во службата, поради договори и анекс-договори склучени на 24 јули 2020, а во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес. Исмаили беше министер за култура од 27 јуни 2019 до 30 август 2020. Управата денеска соопшти дека до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава ...
Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Тетово поднела кривична пријава против Х.И. поранешен министер за култура, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата од член 353-в ст.1 и ст.2 од Кривичниот Законик. Според иницијалите, најверојатно станува збор за Хусни Исмаили, кој беше министер за култура од јуни 2019 година до август 2020 година. Тој беше поставен за министер од ...