Кога Царот, седејќи на осле, влегол во Ерусалим, сите луѓе – деца, возрасни, старци, простирајќи ја својата облека и со палмови гранчиња во рацете, кои се симбол на победата, брзо Го пресретнале, како Животодавец и Оној Кој ја победил смртта. Паднале на колена пред Него и потоа оделе по Него, не само на влезот од градот, туку и во самото свето место, гласно пеејќи: „Осана на Синот Давидов! Осана во висините!“ Пофалната песна „Осана“ се вознесува ...

Влегувањето на Исус Христос во Јерусалим откако го воскресна четиридневно погребениот Лазар е мигот на најмногубројното и најрадосното препознавање во Него Господ и Спасител. Исус влегува во престолнината на осле, според старозаветното пророштво. Ова е уште еден од многубројните знаци по кои би можеле да Го препознаат, но сепак овој знак не го разбраа ниту Неговите ученици. Многуброен народ наслушна дека ќе дојде, па го дочекаа со палмови ...