За седум до десет дена очекувам да биде завршен извештајот на Фидик експертот по што ќе се знае во која наоска ќе продолжиме понатаму со работа на реализација на проектот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, информира министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање. На почетокот на минатиот месец од ресорното министерство соопштија дека ангажиран е експерт за Фидик договори преку кој треба да се обезбеди ...
Експертскиот извештај што беше побаран за она што досега е направено на автопатот Кичево – Охрид, ќе биде доставен до Владата во наредните седум до десет дена. Тој ќе ги покаже идните чекори како ќе се реализира натаму овој проект кој ја поминува веќе првата деценија откако беше фрлена првата лопата. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата со претставници од транспортната ...