Јован Шумковски е роден на 18 јануари 1962 година во Скопје. Тој е македонски сликар и универзитетски професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Шумковски е значаен за промените во македонската уметност во постмодернизмот. Дипломирал во 1986 година, а магистрирал во 1999 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Самостојно излагал во Скопје, Белград, Брисел, Њујорк и Стокхолм. Учествувал на биеналето во Сао Паоло во 1994 ...
Марија Кондовска е родена на 20 јануари 1965 година во Скопје. Таа е позната македонска театарскa, филмскa и телевизискa глумица. Таа дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на професорот Владимир Милчин. Од 1987 година работи во Драмскиот театар Скопје. Освен на матичната сцена настапува и на театарските сцени низ Македонија. Кондовска е ќерка на македонскиот сликар Димитар ...
Нино Леви е роден на 19 јануари 1960 година во Скопје. Тој е македонски театарски, филмски и телевизиски актер. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Георгиевски и проф. Слободан Унковски, во 1987 година. Од 1989 година е вработен во Македонски народен театар – Скопје. Остварил огромен број на театарски, филмски и телевизиски улоги, а добитник е ...