Најдобрата македонска фудбалска репрезентација, со победа ги почна циклусот на квалификации за Светското првенство 2026-та. Избраниците на селекторот Благоја Милевски попладнево во Вадуц, славеа над Лихтенштајн со 3-0. Како што беше најавено, македонските фудбалери со црната комбинација го одиграа овој натпревар, во чест на трагично загинатите во кочанската несреќа. И на трибините на стадионот „Рајн парк“, најголемиот дел беа македонски ...

Со 60 минутен молк, охриѓани им оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Кочани.Точно во 12 часот на градскиот плоштад кај црквата Свети Димитрија со палење свеќи и полагање цвеќе Младинската и ученичките заедници заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет покажаа заедништво и поддршка на семејствата на загинатите млади во пожарот во дискотеката „Пулс“ . Деспина Крлеска студентка во Солун вели дека голем број македонци кои ...